Фотографија — аптека

За нас

Здравјето не е дестинација, туку начин на патување.

Нашата приказна

П.З.У. Аптека „Алое“ Скопје, Ѓорче Петров, постои и се грижи за вашето здравје уште од 1995 година. Низ годините градиме традиција на сигурна и врвна примарна здравствена заштита, обезбедувајќи стручни совети и сигурен пристап до квалитетни лекови, суплементи, медицински апарати, ортопедски помагала и обувки, како и козметика.

Нашата мисија: Подигнување на јавната свест за здравјето, превенција од болести и индивидуален, посветен пристап кон секој пациент.

Нашата визија: Да бидеме препознатливи меѓу граѓаните како аптека која е синоним за сигурна, врвна и професионална аптекарска грижа.

Нашиот тим: Професионален колектив составен од дипломирани фармацевти и фармацевтски техничари со долгогодишно искуство. За да бидеме во тек со сите нови медицински трендови, редовно учествуваме на стручни обуки, предавања и конгреси со цел континуирано надградување на нашето знаење.

Совет пред продажба

Фармацевт ја прегледува секоја нарачка и се јавува ако нешто не се согласува.

Само официјален увоз

Декларација на македонски и следлив рок на употреба за секој производ.

Достава за 24 часа

Скопје истиот ден за нарачки до 14:00, останати градови за 48 часа.

Враќање 14 дена

Неотворен производ се враќа без објаснување и без трошок за вас.

Фотографија — тим

1995

Година на основање

1

Аптека во Скопје

9.000+

Производи на залиха

3

Фармацевти во тимот

Нашата аптека

Наша аптека

Ул.Ѓорче Петров 40б

Пон–Саб 08–22ч, Нед 09–15ч

02 /2039915

Прашај фармацевт

Секој ден од 08 до 22 часот одговараме на прашања за дозирање, интеракции и избор на производ — бесплатно, без нарачка.

Може ли да купам лек на рецепт онлајн?

Не. Онлајн продаваме само производи без рецепт. Лекови на рецепт се издаваат исклучиво во аптека.

Колку чини доставата?

Бесплатно над 1.500 ден., инаку 200 ден.

Може ли да подигнам во аптека?

Да, при плаќање изберете подигнување и нарачката ве чека истиот ден по 16:00.

Како да проверам рок на употреба?

Рокот е наведен на страницата на производот и никогаш не испраќаме под 6 месеци рок.