Политика за враќање на средства и производи

1. Политика за рефундација (враќање на средства)

  • Доколку нарачаниот производ го нема на залиха (поради истовремена продажба во физичката аптека или од друг производител/добавувач), аптеката го известува купувачот и веднаш ги враќа целокупните уплатени средства.

  • Рефундација на средства се врши и при правовремено откажана нарачка или прифатена замена за производ кој го нема на залиха.

  • За сите онлајн трансакции, враќањето на парите се врши исклучиво преку банката на трансакциската сметка/картичка од која е извршено плаќањето. Рефундацијата се процесира во рок од 3 до 7 работни дена од денот на одобрувањето.

2. ПРОВЕРКА, ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

2.1. Преглед на пратката при прием

Купувачот има право и обврска да ја отвори и прегледа пратката во присуство на доставувачот (курирот) за да потврди дека содржината е неоштетена и соодветува на нарачката.

  • Доколку се забележи физичко оштетување или погрешен производ, купувачот веднаш ја одбива пратката во присуство на курирот.

  • Со потпишувањето на приемницата, се смета дека производот е преземен во исправна и неоштетена состојба, а ризикот од губење или оштетување преминува на купувачот.

2.2. Специјални правила за медицински производи, суплементи и козметика

Поради здравствени, хигиенски и безбедносни причини, суплементите, додатоците во исхраната, козметиката, бебешката храна и сите медицински препарати НЕ ПОДЛЕЖАТ на враќање ниту замена по нивното преземање. По преземањето, нивната безбедност повеќе не може да се гарантира од страна на аптеката.

2.3. Производи кои подлежат на замена (Обувки и облека)

Производи од типот на кломпи, папучи, медицински мантили и анатомски обувки може да бидат заменети за друг број/величина или модел доколку се во нивната првобитна состојба: некористени, неоштетени и во оригиналната амбалажа.

Замената може да се изврши на следниве начини:

  • Директно во аптеката (ул. Ѓорче Петров 40б, Скопје) – без дополнителни трошоци.

  • Преку карго служба – при што сите трошоци за достава и враќање на производот се на товар на купувачот.