Vital Tonikum 750ml
Без алкохол. Витамини, магнезиум и железо. Концентрати од црвено вино, рузмарин и листови од маточина. без лактоза без глутен
Со ДДВ
Достава за 24ч
Скопје — истиот ден до 14:00
Совет од фармацевт
Бесплатно, 08–22ч
Враќање 14 дена
Без објаснување
Оригинален производ
Официјален увозник
Опис
Doppelherz Vital Tonikum содржи комбинација од минералите магнезиум и железо, како и внимателно избрани витамини. Дополнително содржи екстракт од грозје, концентрат од црвено вино, екстракт од листови од маточина и екстракт од листови од рузмарин.
Магнезиумот придонесува за нормална функција на мускулите и за нормален енергетски метаболизам. Покрај тоа, овој минерал придонесува и за нормална функција на нервниот систем.
Железото има улога во нормалното создавање на црвени крвни зрнца и учествува во нормалниот енергетски метаболизам. Исто така, придонесува за нормален транспорт на кислород во организмот.
Витамините B₂, B₆, B₁₂ и ниацинот придонесуваат за нормална функција на нервниот систем. Овие хранливи материи, исто така, придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
Дополнително, витаминот B₆ и витаминот B₁₂ учествуваат во нормалното создавање на црвени крвни зрнца.
Екстрактот од грозје содржи чист екстракт од семките и лушпите на црвеното винско грозје Vitis vinifera и е богат со секундарни растителни материи, особено полифеноли. Темната боја на црвеното грозје потекнува од природните пигменти – антоцијани.
Природното потекло на маточината (Melissa officinalis) е источниот Медитеран. Денес таа е распространета низ цела Европа. Поради својот карактеристичен свеж мирис кој потсетува на лимон, позната е и како лимонска маточина.
Рузмаринот (Rosmarinus officinalis) расте во западниот и централниот Медитеран и често се одгледува како украсно и зачинско растение. Има интензивна ароматична миризба и претставува важен зачин во медитеранската кујна.
Состав
Состојки Вода, стабилизатор сорбитол, магнезиум цитрат, концентрат од црвено вино, конзерванс калиум сорбат, арома, антиоксиданс аскорбинска киселина, железо амониум цитрат, екстракт од грозје, екстракт од листови од рузмарин, екстракт од листови од маточина, ниацин, засладувач ацесулфам-К, глукозен сируп, малтодекстрин, витамин B₂, витамин B₆, витамин B₁₂, засладувач натриум сахарин.
Употреба
Препорака за конзумирање Земајте 3 пати дневно по 20 ml. Забелешка Препорачаната дневна количина не смее да се надминува. Додатоците во исхраната не се замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Да се чува подалеку од дофат на мали деца. Прекумерната консумација може да има лаксативно дејство. Не е наменето за деца и адолесценти. 123 Да се чува на температура до 25°C. По отворањето да се чува во фрижидер.
Достава
Скопје: достава за 24 часа за нарачки направени до 14:00, или експресно во рок од 3 часа. Останати градови: 48 часа. Бесплатна достава за нарачки над 1.500 ден. Производот може да се подигне и во нашите аптеки истиот ден по 16:00 часот.
Прашај фармацевт
Прашај фармацевт
Одговараме во рок од 15 минути, 08–22ч
За:
Vital Tonikum 750ml





